Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чарлс во првото божиќно обраќање како крал ги спомена само Вилијам и Кејт

Чарлс во првото божиќно обраќање како крал ги спомена само Вилијам и Кејт

Британскиот крал Чарлс се повика на својата покојна мајка, кралицата Елизабета, во своето прво божиќно обраќање до нацијата како крал, нагласувајќи ја неговата вера во човештвото во време на „голем стрес и тешкотии“.

Чарлс рече дека ја споделува со „цело срце“ верата на неговата мајка во Бог и луѓето. Тој зборуваше од капелата на Сент Џон каде почива покојната кралица.

За време на својот говор, Чарлс им оддаде почит на добротворните организации, како и на работниците во здравствениот сектор.

Чарлс во својот говор се осврна на неговиот син Вилијам и сопругата на Вилијам, Кејт, но не и на неговиот друг син, Хари, и неговата сопруга Меган.

Чарлс, Вилијам и другите членови на кралското семејство во неделата престојуваа во источна Англија каде семејството традиционално ја поминува празничната сезона.


Слично

Поврзани вести