Чао, чао семејство, сега си одиме дома: Пoтресни последни пораки на загинатите во индонезискиот авион
Објавени се последните пораки на дел од патниците од индонезискиот авион кој се урна во морето вчера со 62 патници. Спасувачите пронајдоа две црни кутии
Авионот 182 на „Сривиџаја ер“ се урна во морето само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Падна само 4 минути по полетувањето, а локалните рибари виделе како паѓа во морето. Тврдат дека слушнале и две експлозии.
Соерјанто Тјахајанто, шеф на индонезиската агенција за безбедност во транспортот, рече дека властите пронашле две црни кутии во морето, а нуркачите се обидувале да ги извлечат заедно со делови од телото и остатоци од авион.
На социјалните мрежи се реобјавуваат последните пораки и објави што жртвите ги споделиле непосредно пред падот на авионот.
Рати Винданија објави селфи со две насмеани деца додека се качуваа во авионот и напиша „Чао, чао семејство! Сега да одиме дома!“
Пораката е испратена непосредно пред да се качи на авионот од главниот град на Индонезија.
„Молете се за нас“, објави нејзиниот брат Ирфансијах Рианто на Инстаграм покрај фотографијата.
Како што рече, неговата сестра требаше да замине на друг лет, но тие во последен момент ја смениле својата одлука.
