Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cевелда: Рајфајзен треба да ги намали трошоците и затоа ќе се повлече од Унгарија и Словенија

Cевелда: Рајфајзен треба да ги намали трошоците и затоа ќе се повлече од Унгарија и Словенија
Cо цел намалување на трошоците и заштеда на стотици милиони долари, односно зголемување на сопственото ниво на капитал за 1,8 милијарди евра на среден рок, генералниот директор на австриската Рајфајзен банка, Карл Севелда, најави дека банката ќе се повлече од некои земји. Рајфајзен банка најверојатно ќе ги затвори своите ограноци во Cловенија и во Унгарија. Директорот ја повтори намерата банката да го намали бројот на филијалите во некои ризични пазари, а одлуката за повлекување од Словенија е уште од лани. Cпоред Севелда, постојаниот политички притисок врз банкарскиот сектор во Унгарија е главната причина за повлекување од таа земја.
Слично

Поврзани вести