Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централниот банкар на Унгарија му се заблагодари на ММФ и „му ја покажа вратата“

Централниот банкар на Унгарија му се заблагодари на ММФ и „му ја покажа вратата“
Меѓународниот монетарен фонд да си оди од земјата, побара претседателот на Унгарската централна банка Гиорги Матолчи, поранешен министер за економија во владата на премиерот конзервативец Виктор Орбан. Како што пренесува Франс прес, во писмото испратено до директорот на ММФ Кристин Лагард, Матолчи му заблагодари на Фондот за помошта на Унгарија, кога земјата беше на работ на банкрот. Вкупно Унгарија добила кредит од 20 милијарди евра од ЕУ, ММФ и Светската банка. Централниот банкар на Унгарија објаснил дека неговата земја ќе ги врати последните обврски кон ММФ (близу 2,2 милијарди евра) до крајот на годината. “Во почетокот на 2013 година ММФ ја заврши процедурата за својот заем. Затоа на Фондот веќе не му е потребно да го задржи своето биро во Будимпешта”, наведува Матолчи. Според унгарскиот економски портал Portfolio владата на Орбан сака да покаже независност од Фондот.
Слично

Поврзани вести