Централната банка на Тајланд ја забрани интернет валутата Биткоин
Забрана за користење на интернет валутата Биткоин донесе Централната банка на Тајланд.
На претставниците од САД, тајландската влада, во врска со својата одлука, им објаснила дека постои недостаток во контролата на капиталот, и поради тоа, судската пресуда е дефинитивна. Тоа значи дека валутата не може да се користи во интернет трговијата во земјата, дури и ако се прима од друга земја.
Валутата Биткоин беше воведена во 2009 година, а неодамна се најде под голем притисок од американската Агенција за хартии од вредност во Тексас, која обвини дека се користи одредена шема, со што незаконски им се пресметува повисока камата на клиентите.
Слично
