Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централната банка на Јапонија гледа закрепнување на економијата

Централната банка на Јапонија гледа закрепнување на економијата

Економијата на Јапонија почнува полека, но сигурно да закрепнува, соопшти Централната банка на земјата.

Cепак, како што посочија оттаму, позитивната оценка на економијата не значи дека ќе дојде до промена на големата програма за монетарно олеснување.

Централната банка прв пат наведува дека третата по големина економија во светот е на пат кон експанзија по повеќе од две години.

Банката нема да го менува планот за инјекција на околу 600 милијарди долари во економијaта за една година.

Благодарение на силната домашна побарувачка и забрзување на растот на меѓународните економии, јапонската економија почна да бележи умерено закрепнување, се вели во соопштението на Банката.

Слично

Поврзани вести