Економија, финансии, бизнис

Контакт

Централна и Источна Европа ново откритие за туристите

Централна и Источна Европа ново откритие за туристите
Дали сте биле во Париз ? Досадно е веќе таму и барате нешто ново? Трендовите во светскиот туризам веќе се менуваат. Франција , САД и Кина остануваат лидери по број на посетители , но се повеќе ги претекнуваат целосно непознати досега дестинации за туристите, кои не се само интересни , но и доста поевтини , пишува CNBC . Европа како целина останува најпосетен регион од туриски во светот , но растот во секторот на туризмот во 2012 година и почетокот на 2013 година се должи на дестинациите во Централна и Источна Европа, покажуваат податоците на Светската туристичка организација на ОН. Организацијата предвидува дека на долг рок меѓународните посети во новите економии , вклучувајќи и земјите од Централна и Источна Европа , ќе продолжат да растат . Стапки на раст на туристичките посети во овие земји се очекува да се удвојат во однос стапката на раст во развиените економии .
Слично

Поврзани вести