Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО УНГАРИЈА НАЈБРЗО РАСТАТ: За помалку од 10 години се зголемиле дури за 173 отсто

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО УНГАРИЈА НАЈБРЗО РАСТАТ: За помалку од 10 години се зголемиле дури за 173 отсто

Европскиот парламент претстави шокантни податоци за растот на цените на недвижностите во Унгарија и Европската унија (ЕУ).

Според ЕП, за помалку од десет години, меѓу 2015 и 2023 година, цените на куќите во ЕУ се зголемиле во просек за 48 отсто.

Најголем раст е забележан во Унгарија, каде цените пораснале за 173 отсто, а најнизок во Финска, со само пет отсто, пренесува SEEbiz.

Европскиот парламент утврди дека најголем пораст од година во година во Унгарија е помеѓу 2021 и 2022 година.

Тогаш стапката на раст беше 46 отсто. Следеа уште речиси 20 проценти помеѓу 2022 и 2023 година, јасно покажувајќи ги разорните ефекти од вртоглавото зголемување на инфлацијата врз унгарската економија и општество.

Експертите сметаат дека растот на цените на недвижностите во Унгарија ќе продолжи и оваа година.

фото: Unsplash

Слично

Поврзани вести