Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на пченицата паѓаат по веста за можен договор за жито меѓу Русија и Украина

Цените на пченицата паѓаат по веста за можен договор за жито меѓу Русија и Украина

Руската инвазија на Украина и последователната блокада на пристаништата на Црното Море доведоа до намалување на понудата на пченица - а со тоа и до скок на цените.

Изгледите за договор за прекин на блокадата беше проследена со забележителен пад на цените, пишува Би-Би-Си.

- Цената на фјучерсите на пченицата во Чикаго - клучен репер за глобалниот пазар - беше намалена за повеќе од 3 отсто во петокот наутро, додека мелечката пченица беше намалена за повеќе од 4 проценти  се наведува во нивната анализа.

Цената на фјучерсите за добиточна пченица во Велика Британија - европски репер за добиточната пченица (кои се користи за животни) - се намали за речиси 3 проценти.

Слично

Поврзани вести