Цените на недвижностите во ЕУ забрзано паѓаат!
Цените на недвижностите во Европската унија забрзано паѓаат, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска.
Во првите три месеци од годината, индексот на цените на недвижностите во еврозоната паднал за 2,2 отсто во однос на истиот период лани, додека во ЕУ е намален за 1,4 отсто.
Во претходното тромесечје индексот на годишно ниво се намалил за 1,7 отсто во еврозоната, односно за еден отсто во ЕУ.
Според достапните податоци, најголем пад на цените на недвижностите во првите три месеци на годишно ниво е забележан во Шпанија ( 5,1 отсто), Кипар (4,8 отсто) и Унгарија (3,3 отсто).
Слично
