Цените на имотите во Британија достигнаа ново рекордно ниво
Цените на имотите во Велика Британија достигнаа ново рекордно ниво, соопшти најголемата агенција за недвижности „Rightmove Plc“.
Продажните цени на имотите се зголемиле за 0.3 % до средна вредност од 253.658 фунти. Очекуваното зголемување за годинава веќе е 4 % споредено со претходните прогнози за раст на цените од 2 %.
До нов рекорд стигнаа и цените на имотите во Лондон, на ниво од 515.379 фунти.
„Комбинацијата од економска стабилност на меѓународен план и знаците за промени во економијата во позитивна насока се главната причина за растот на цените на недвижностите во Велика Британија“ - смета Мајлс Шипсајд, директор на агенцијата „Rightmove“.
На годишно ниво средните цени во Англија и Велс се зголемиле за 4.8 %. Во Лондон продажните цени на имотите се зголемиле за 12 % само во последната година.
Слично
