Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цените на автомобилите во Европа ќе продолжат да паѓаат

Цените на автомобилите во Европа ќе продолжат да паѓаат
Европскиот пазар на автомобили можеби конечно го прекина својот пад, но притисокот врз цената на автомобилите ќе се задржи уште долго време, смета главниот извршен директор на Фотд, пренесува Ројтерс. И додека експертите во секторот мислат дека најлошото е веќе минато, на производителите не им останува многу, освен да продолжат со ценовните иницијативи и попусти за поддршка на продажбата. „Во однос на цените не очекувам значително подобрување на ситуацијата", коментира Роелант де Ваард, шеф одделот за продажба во Европа на американската Форд. Продажбата на возилата од оваа компанијата во Европа се зголеми за 8.7% до 90 000 автомобили во јули. „Сите корисници не се свесни дека автомобилскиот сектор е во рецесија, како регион, па очекуваат добри зделки од производителите", коментира Ваард. Сепак отстапките од големите производители во однос на цената се зголемија за 17% оваа година во просек по 2 518 евра во мај, според податоците на петте најголеми европски производители на автомобили. Голем дел од проблемот се вишокот капацитет на автомобилски производители. Има произведено за 4 милиони повеќе автомобили од потрошувачката на Стариот континент. Веќе е најавено затворање на повеќе фабрики, па на производителите им е тешко да го постават своето производство според новите потреби. Од Форд, каде очекуваат загуба од 1,8 милијарди долари оваа година, ги затворија малите фабрики во Велика Британија, а уште една таква во Белгија наскоро ќе престане со производство.
Слично

Поврзани вести