Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cенатор, директори во министерства и вработени во финансиска полиција, вмешани во голем корупциски скандал во Романија

Cенатор, директори во министерства и вработени во финансиска полиција, вмешани во голем корупциски скандал во Романија
Романската Национална дирекција за борба против корупцијата и затајување на данок ја крена Романија на нозе. Имено,  приближно 50 луѓе се под истрага од обвинителите, објави денеска весникот „Евениментул зилеј“. Извршена е контрола на околу 160 адреси на приватни домови и фирми во Букурешт и во окрузите Прахова, Ѓургево, Арад, Калараш и Јаломица. Според судски извори во шемата се вмешани еден сенатор, директори во Министерството за финансии и вработени во финансиската полиција. Тие ја оштетиле државата за приближно 50 милиони евра. Весникот наведува дека станува збор за комплексно дело за корупција и затајување на данок во кои се вмешани голем број луѓе и повеќе од сто романски и странски фирми.
Слично

Поврзани вести