Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на струјата – болна тема и за британските домаќинства

Цената на струјата – болна тема и за британските домаќинства
Енергетиката се покажа како болна тема за британските домаќинства. Цената на струјата , амбициозните еколошки цели и зголемените стравувања за безбедноста на снабдувањето ќе бидат во основата на предизборните платформи за партиите во Велика Британија . Темата е доста чувствителна за Британците - од 2008 година досега сметките за електрична енергија се зголеми за 68 отсто . Компаниите ова објаснуваат со направените инвестиции. Ако лабуристите добијат следните избори кои ќе се одржат во 2015 година , ќе биде доставен план за промени , јаува Bloomberg . Меѓу идеите е замрзнување на цената на електричната енергија во рок од две години и барање за транспарентност од страна на големите компании . Енергетските компании се спротивставуваат на промените , бидејќи тие ќе доведат до замрзнување на инвестициските планови . Во исто време британската влада има поставено амбициозна задача, до 2020 година 50% од енергијата што ја произведува да биде од алтернативни извори .
Слично

Поврзани вести