Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на рускиот гас за Украина нема да биде променета до 2019 година

Цената на рускиот гас за Украина нема да биде променета до 2019 година
Цената на рускиот гас за Украина нема да биде променета до 2019 година , објави во телевизиско интервју украинскиот вицепремиер Јуриј Бојко . Тој додаде дека договореното во Москва симнување на цената на синото гориво ги елиминирало и спорните гасни прашања меѓу Украина и Русија . Русија и Украина во вторникот потпишаа серија договори кои практично ја зафатија украинската економија со евтин природен гас и милијарди долари кредит , кои на земјата и беа очајно потребни за да избегне прекин на исплати на надворешниот долг. Рускиот претседател Владимир Путин ја објави веста , истакнувајќи дека тоа е помош за помагање на Украина во најтешките времиња и дека со неговиот гостин - украинскиот претседател Виктор Јанукович , не разговарале ништо евентуално за присоединување на земјата кон царинската унија Русија - Белорусија - Казахстан . Клучниот договор е меѓу "Гаспром " и украинскиот "Нафтогас" - според анекс на договорот од 2009г. рускиот гас за Украина веќе ќе чини 33 отсто помалку - 268 долари за 1000 кубни метри при 406 долари во моментов . По разговорите на државните делегации во Москва претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека намалувањето на цената на природниот гас за околу една третина е привремена мерка , но не даде повеќе детали . Денес Јуриј Бојко рече дека Украина ќе ги продолжи преговорите со Меѓународниот монетарен фонд за продолжување на кредитирање на земјата. Според него , Владата ќе работи со Фондот , иако не може да прифати некои негови услови неопходни за продолжување на финансирањето . Во петокот премиерот на Украина Микола Азаров рече дека по договорот за кредит од Русија од 15 милијарди долари , Киев нема потреба да се свртува кон Меѓународниот монетарен фонд.
Слично

Поврзани вести