Цената на рекламите за Супербоул постави нов рекорд
Финалето во американски фудбал, Супербоул, кое се одржа синоќа, а кое се одржа рано изутринава, а кое го пренесуваше телевизискиота синџир Fox , не е само најголемиот спортски настан во САД, но е и една од најскапите рекламни кампањи на планетата. 30 секунди рекламен спот чинеше 4 милиони долари , откако во 2013 година цената беше 3,8 милиони долари.
Супербоулот е последен во САД од Олимписките игри, наградите Греми и Оскарите и е поле на жестока борба меѓу марките за наметнување на пазарот. Повеќе од 40 компании, од производители на луксузни автомобили до кикирики , откупиле рекламен простор од 30 секунди до 2 минути.
„Рекламирањето оваа година достигна нов врв. Се повеќе рекламни агенции стартуваат големи кампањи" , забележува Тим Калкинс , професор по маркетинг во Kellogg School of Management .
Во ерата на социјалните медиуми како Facebook, Twitter и YouTube , компаниите шират однапред клипови од снимањето на рекламата и користат различни стратегии за да направат врева додека, Fox и американската фудбалска лига NFL се нишанат кон рекордни профити.
Така на пример, многу медиумска врева се крена околу реклама на израелската компанија Sodastream во која актерката Скарлет Јохансон ги рекламира апаратите за нејзините газирани пијалаци. Таа беше цензурирана од Fox , бидејќи ги визираше конкурентите од Coca-Cola и Pepsi . SodaStream поднесе жалба , но забраната и другите противречности, поврзани со фабриките на компанијата во палестинските територии , веќе доведоа до милиони прегледи на клипот во YouTube .
Производителот на пиво Anheuser - Busch InBev , во чие портфолио влегуваат марките Bud Light и Budweiser , исто крена врева околу себе, изнајмувајќи го Арнолд Шварценегер , облечен како поранешниот тенисер Бјорн Борг , со руса перика, како се подготвува да игра пинг-понг . Француската Danone избра за грчкото кисело млеко, Oikos, двојка која флертува, а Unilever не потсети на сентименталната Make Love , Not War во реклама на дезодоранси, додека разголениот по долна облека Дејвид Бекам се појавува во рекламата на H & M.
Супербоулот оваа година започна со рекламна кампања за 25 милиони долари на Jaguar F - Type , најави претходно Стјуарт Шор, портпарол на Jaguar Land Rover за Северна Америка. Само првите 24 часа од пуштањето на видеото на интернет , тоа привлече 1.66 милиони посетители.
А.А.
Слично
