Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата во САД се поправи по вчерашниот остар пад

Цената на нафтата во САД се поправи по вчерашниот остар пад
Цените на нафта денеска се стабилизираа по вчерашниот остар пад, кој беше предизвикан од растечкото производство на тој енергенс во САД, наведуваат аналитичарите. Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во декември на трговската берза во Њујорк 93,14 чинела долари, односно 10 центри повеќе, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поскапе за 29 центри на 106,10 долари за барел. По вчерашните прогнози на Меѓународната агенција за енергетика дека САД ќе станат најголем светски производител на нафта до 2015 година, благодарение на бумот во производството на нафта, еден барел нафта од Тексас поевтини во Њујорк за 2,10 долари, а од типот „Брент“ за 59 центи. Инвеститорите се фокусирани и на обидите на западните сили да постигнат нуклеарен договор со Иран, кој ќе донесе укинување на санкциите и ќе овозможи влез на иранската нафта на глобалниот пазар.
Слично

Поврзани вести