Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цената на нафтата уште паѓа!

Цената на нафтата уште паѓа!
Цените на сировата нафта на светскиот пазар вчера паднаа кон 82 долари за барел, откако Саудиска Арабија ја намали цената за продажба на нафта на САД. Барел нафта на Лондонската берза поевтине за цели 2,25 долари до 82,53 долари за барел, а на американскиот пазар цената се намали за 2,15 долари на 76,63 долари за барел. Саудиска Арабија во петокот ги намали цените за САД, но ги зголеми оние за Европа и Азија. Даниел Анг од Phillip Futures смета дека овој потег ја сигнализира намерата на Саудиска Арабија да се бори за удел на американскиот пазар и „дека може да ги истисне американските производители на нафта од шкрилци“. Од средината на јуни цената на суровата нафта од типот  Брент падна за речиси 25%. Аналитичкиот центар „Стратфор“ смета дека ова може да има одредени геополитички последици и да се задржи и на подолг рок. “Црното злато” е најважната стратешка стока во светот и секоја структурна промена на пазарите ќе одекне во целиот свет, ќе се појават победници и губитници. Земјите кои консумираат големи количини на енергија, се соочија со цена над 100 долари за барел од почетокот на 2011 година, кога во исто време голем дел од развиениот свет  се обидуваше да се опорави од финансиската и должничката криза. Еден подолг период на пониски цени може да донесе некое успокојување на овие држави. Големите производители на нафта, од друга страна, се навикнати со високите цени на горивата и често ги користат за да помогнат националните буџети. Долготрајните ниски цени ќе ги натераат овие производители да се преиспитаат трошоците, стои во анализата на Стратфор. Како главна причина за ниските цени, меѓудруго се наведува забавениот раст на кинеската економија, стагнацијата на европските економии и неможноста на земјите-извознички да го намалат производството.
Слично

Поврзани вести