Цената на нафтата стрмоглаво паѓа – компаниите губат десетици милијарди долари
Цената на нафтата и понатаму паѓа откако минатата недела здружението на земји-производители на нафта ОПЕК не донесе одлука за намалување на дневното производство.
Огромни загуби бележат нафтените компании, кои веќе не се сметаат за „сигурни прибежишта за капиталот“. Според проценките тие веќе загубиле десетици милијарди долари од нивната вредност, а веќе се очекува во иднина да бидат помалку профитабилни и да исплаќаат помали дивиденди.
Само во петокот на Волстрит индексот на нафтените компании потона за над 6 отсто, при што цената на акциите на Exxon Mobil потонаа за над 4, а на Chevron за над 5 отсто.
Терминската цена на барел нафта во петокот на американската берза падна под 68 долари, првпат од 2010 година. „Се чини дека моментно не постои ништо што може да сопре пад на цената на нафтата, чија цена би можела да потоне и на 60 долари за барели“, вели еден аналитичар.
Слично
