Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА ПАДНА ПОД 900 ДОЛАРИ: За прв пат во последните шест месеци

ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА ПАДНА ПОД 900 ДОЛАРИ: За прв пат во последните шест месеци

Цените на гасот во Европа паднаа под 900 долари за илјада кубни метри, првпат од 13 јуни, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Иако индексот на најголемиот европски центар „TTF“ го отвори тргувањето во црвено - близу 960 долари за илјада кубни метри, во текот на денот цената се намали за 11 отсто и за прв пат во последната половина година падна под 900 долари – на 897,2 долари.

Земјите од Европската унија претходно постигнаа политички договор за лимитот на цената на гасот во рамките на механизмот за корекција на пазарот.

Цената на гасот ќе биде ограничена на 180 евра за мегават час или 1,85 евра за илјада кубни метри, што е повисоко од сегашното ниво на цените. Според чешкото претседателство со ЕУ, договорот е постигнат речиси едногласно. Ограничувањето на цените во Европската унија ќе биде воведено од 15 февруари.

Според западните медиуми, високата цена на енергијата во Европа предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Цените на бензинот во Европа значително пораснаа минатата година. Во пролетта 2021 година, цените во центарот ТТФ беа во опсег од 250-300 долари за илјада кубни метри, до крајот на летото достигнаа 600 долари, а на есен веќе беа 1.000 долари. Во зима годинава цените ја минаа границата од 2.000 долари, а на почетокот на пролетва достигнаа рекордни 3.892 долари за илјада кубни метри.

Слично

Поврзани вести