ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ КОИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО ОМИКРОН ИМААТ ОСУМ СИМПТОМИ: Но, постојат други два предупредувачки знаци
Иако Омикрон има
поголема преносливот од Делта, оваа варијанта на вирусот има помалку смртни и хоспитализирани
случаи. Новиот сој, според сите досегашни истражувања успешно го заобиковува
имунитето, а научниците веќе направија листа на симптоми кои се јавуваат кај
целосно вакцинираните лица заразени со Омикрон.
Истражувачите во Норвешка спроведоа студија во која интервјуираа 111 од 117 гости на забава на 26 ноември 2021 година. Од интервјуираната група, 66 биле дефинитивно потврдени случаи на Ковид-19, а 15 биле само потенцијални случаи
Од 111 учесници, 89 отсто примиле две дози mRNA вакцина и ниту еден не примил засилувач.
Најчести симптоми за целосно вакцинираните
Според наодите објавени во списанието за заразни болести и епидемиологија, Eurosurveillance, имало осум клучни симптоми кои ги доживеала групата целосно вакцинирани посетители на забавата, пишува британски The Guardian.
Kашлица, течење на носот, замор, болки во грлото, главоболка, болки во мускулите, треска и кивање.
Студијата покажува дека кашлицата, течење на носот и заморот се меѓу најчестите симптоми кај вакцинираните лица, додека кивањето и треската биле најмалку чести.
Експертите за јавно здравје, исто така, додаваат и гадење на оваа листа на симптоми кај вакцинирани лица кои се заразиле со варијантата Омикрон.
Иако вакцината штити од посериозните ризици на вирусот, сè уште е можно да се заразите со Ковид дури и ако имате и бустер доза, велат научниците, кои додаваат дека благата природа на симптомите им отежнува на луѓето да го разликуваат вирусот од обичната настинка.
Но, според професорот Тим Спектор, околу 50 отсто од „новите настинки“ во моментов се всушност „Ковид“.
Два рани предупредувачки знаци дека можеби имате Омикрон
Експертите исто така сугерираат дека постојат два различни симптоми кои би можеле да бидат знак дека позитивен тест на ковид е неизбежен: замор и вртоглавица/несвестица.
Повеќе од едноставно чувство на замор кој може да се претвори во телесна болка со тоа што предизвикува болки во мускулите, главоболки, па дури и заматен вид и губење на апетитот.
Вртоглавица/ несвестица е вториот предупредувачки знак дека можеби имате Омикрон. Новиот извештај од Германија сугерира дека постои врска помеѓу несвестица и Омикрон, откако лекарите во Берлин откриле дека Ковид предизвикува повторливи несвестици кај 35-годишен пациент примен во болница.
Германскиот весник Ärztezeitung вели дека лекарите можеле да видат „јасна врска“ помеѓу инфекцијата и несвестиците.
