ЦЕЛОСНО УНИШТЕН ГРАДОТ ГРИНВИЛ: Калифорнија се бори со досега најголемиот пожар во таа држава
Пожарот Дикси избувна на 13 јули и оттогаш уништи повеќе од 463.000 хектари земја.
Пожарникарите сѐ уште се борат со големиот пожар во северна Калифорнија, кој е втор по големина во историјата на таа американска држава.
Градот Гринвил беше речиси целосно уништен во пожарот „Дикси“, а официјалните лица предупредуваат дека ќе бидат потребни неколку недели за стихијата да се стави под контрола.
Во моментов во Калифорнија се активни 11 големи шумски пожари.
Пожарот „Дикси“ избувна на 13 јули и оттогаш уништи повеќе од 463.000 хектари земја. Според официјалните лица, само 21 отсто од пожарите се ставени под контрола.
Три лица се водат како исчезнати, а илјадници се евакуирани. Во околу 39 проценти од областа Пумас е издадена наредба за евакуација.
Ова е втор пожар во однос на ланскиот пожар „Комплекс“, кој уништи повеќе од милион хектари.
FOTO: AGENCIJE/Avaz.ba
