Економија, финансии, бизнис

Контакт

Целиот свет е во исчекување - Наскоро прва средба на Путин и Трамп

Целиот свет е во исчекување - Наскоро прва средба на Путин и Трамп

Целиот свет е во исчекување на првата средба на рускиот претседател Владимир Путин со новиот американски претседател Доналд Трамп по која ќе се знаат новите насоки во односите меѓу САД и Русија, можностите за решавање на конфликтите во Украина, Кавказот и Блискиот Исток, како и за зоните на влијание во Европа и Азија. 

Путин денеска изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп на маргините на Арктичкиот самит во Финска во мај. Путин тоа го изјави одговарајќи на сугестијата на финскиот претседател Саули Нинисто, кој нагласи дека во Хелсинки би биле среќни доколку би можеле да им бидат добри домаќини на рускиот и на американскиот лидер.

Претходно кабинетите на двајцата претседатели посочија дека се потребни месеци за да се организира нивната прва средба на која ќе биде разговарано очи во очи за сите итни прашања.


Слично

Поврзани вести