ЦЕЛИ ТРИ ДЕНА Е ВО БУНАР ДЛАБОК 32 МЕТРИ: Спасувачи копаат дупка за да спасат дете во Мароко
Момче во Мароко падна во бунар, и со денови паралелно копаат дупка за да го спасат.
Рајан е детето кое во вторникот, паднало во бунар длабок 32 метри. Детето е во бунарот веќе цели три дена, а спасувачите успеале да му пратат кислород и вода. До него е спуштена камера за во секој момент да ја следат неговата состојба и тоа што се случува. Мароканската новинска агенција МАП јави дека копањето на дупката со која планираат да го спасат момчето е при крај. Се надеваат дека за неколку часа ќе го спасат детето.
Слично
