Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цела држава месец дена ќе биде без Фејсбук

Цела држава месец дена ќе биде без Фејсбук

Граѓаните на Папуа Нова Гвинеја месец дена ќе бидат без Фејсбук, додека властите да ја средат мрежата, да ги отстранат лажните вести и профили. 

Надлежните велат дека на овој  начин ќе им се овозможи на граѓаните да ги користат социјалните мрежи со вистинскиот идентитет. 

Додаваат дека не можат веќе да дозволат злоупотреби на Фејсбук во нивните земји. 

Во многу азиски земји Фејсбук стана сериозен проблем. 

Лажните профили и нивното влијание земаа замав во Азија. 

Пред Родриго Дутерте да биде претседател на Филипините во 2016 година утврдено е дека преку 26 профили, се правела пропаганда и биле опфатени 3 милиони корисници. 

Преку социјалните мрежи е поттикнато насилство врз муслиманите во Мјанмар. 

Слично

Поврзани вести