Цел викенд жена го поминала „заглавена“ во лифт
Куќна помошничка била „заглавена“ во лифт цел викенд во зграда во Менхетн.
Педесет и тригодишната Маритез Фортализа, која работела како куќна помошничка, влегла во лифтот во петокот вечерта во зградата на Менхетн, која е сопственост на банкарот Ворен Стивенс.
Пожарникарите се повикани вчера во 10 часот, по што веднаш го отвориле лифтот. Меѓу вториот и третиот кат жената била заглавена.
Жената сега закрепнува во болница. Според нејзиното семејство, таа дехидрирала, но е во стабилна состојба.
Се истражува причината за несреќата.
Слично
