Цел свет тоне од економската криза, само Германците оптимисти
Во јули продолжи да расне довербата на потрошувачите во Германија, а заедно со тоа очекувањата во врска со економскиот раст и платите.
„Излгедите за стабилен пазар на труд и умерена инфлација повторно го поткренаа оптимизмот во јули“, се наведува во соопштението на истражувачкиот институт СФК, кој што го спроведе истражувањето објавено денеска, пренесува „Франс прес“.
„Во меѓувреме, подготвеноста на потршувачите да трошат го достигна едногодишниот максимум додека очекувањата на потрошувачите во поглед на растот на најголемата европска економија само благо се над просекот“, се додава во соопштението.
Како што наведува ГФК, тековните проблеми во соседните земји од еврозоната и намалениот раст на кинеската економија, би можеле да му нанесат штета на германскиот извоз.
„Германија е единствена земја во Европа, во која стапката на невработеноста значително падна во однос на периодот на избивање на кризата“, се вели во соопштението.
