Цел град во Кина е затворен поради три локално пренесени случаи на корона
Кинескиот град Руили кој се граничи со Мјанмар е затворен поради локално пренесување на коронавирусот.
Властите во југозападната провинција Јунан пријавија три локално пренесени случаи на коронавирус. Во градот може да се влезе само со посебна дозвола. Последното локално ширење на вирусот во земјата беше кон средината на јуни во провинцијата Гуангдонг на југот од земјата. Кина во повеќе наврати затвораше цели градови поради мал број на нови случаи. Вирусот пред да се прошири во светот, се појави во Вухан во Кина.
Слично
