Cекој втор млад човек во земјите од западен Балкан е без работа
Cекој втор млад човек во земјите од западен Балкан е без работа, оцени денеска Cветската банка на конференцијата во Виена. Податоците на Банката говорат дека високата стапка на невработеност, посебно меѓу младите, е голем проблем во светот и во Европа, но е посебно изразен во земјите од западен Балкан.
Според податоците изнесени на собирот, еден од четворица млади луѓе во овој регион не бара работа и не студира. Исто така е наглсено дека кога младите луѓе од западен Балкан ќе најдат работа, таа е само привремена или со половина работно време, младиот човек не е пријавен од страна на работодавачите што на младите им оневозможува да ги користат погодностите на системот и општеството.
Слично
