Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cедум пати поголем број купувачи од акции на Кралската пошта

Cедум пати поголем број купувачи од акции на Кралската пошта
Повеќе од 700.000 заинтересирани купувачи се јавиле на првиот ден од пријавувањето за купување на акции на британската Royal mail. Побарувачката на акциите на Кралската пошта била седум пати поголема од понудениот број акции. Се очекува вредноста да биде меѓу 260 и 330 пени. Пазарната вредност на Кралската пошта се проценува меѓу 2,6 и 3,3 милијарди фунти. Британската влада понуди дел од акциите на продажба и очекува дека на овој начин ќе заработи меѓу 1,04 и 1,72 милијарди фунти. Понудата на акциите на Royal mail е најголема приватизација на некоја британска државна компанија во последните неколку децении. Кралската пошта постои речиси 500 години, а има 15.000 вработени. Инаку акциите на берзата во Лондон ќе се најдат на 15 овој месец.
Слично

Поврзани вести