Cе судрија два патнички авиона на аеродромот во Истанбул
Ербас А330-200, кој слетал од Виена во Истанбул се судрил со Ербас А340-300, што слетал во Истанбул од Сао Паоло.
Два патнички авиона на Туркиш ерлајнс се судрија денеска на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, пренесува ИТАР-ТАСС.
Меѓу патниците и екипажите нема повредени, но и двата авиона претрпеле сериозни оштетувања. Службата за безбедност на аеродромот ги разгледува причините за инцидентот.
Слично
