Cе стабилизира невработеноста во ЕУ
Cтапката на невработеност во јули во еврозоната мирувала на рекордни 12,1%, додека вкупниот број на луѓе без работа е нешто намален во однос на претходниот месец.
Бројот на невработени во еврозоната е намален минатиот месец за 15.000 на 19,23 милиони, откако во јуни падна за 35.000, наведува Европскиот завод за статистика, а пренесува агнецијата Франс прес.
На ниво на цела Европска унија, вклучувајќи ја и Хрватска која се приклучи во јули, невработеноста мирувала на 11%, што е за 33.000 помалку во однос на јуни, каде бројот на невработени е намален за 43.000.
На годишно ниво, меѓутоа, невработеноста пораснала, како во еврозоната, така и во ЕУ, па без работа останале милион луѓе повеќе во однос на јули 2012 година, што ги отсликува размерите кои ги донесе економската и должничка криза.
Најниска стапка на невработеност е забележана во Австрија (4,8%) и во Германија (5,3%). Најголема стапка на невработеност е забележана во презадолжената Грција (27,6% во мај, кој е последен месец за кој има податоци) и во Шпанија (26,3%).
Слично
