Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cе намалува песимизмот дека Еврозоната ќе се распадне

Cе намалува песимизмот дека Еврозоната ќе се распадне
За две третини е намален бројот на инвеститори кои веруваат дека, барем една земја наскоро може да ја напушти Еврозоната, покажува истражувањето на германската групација Сентикс, во кое учествувале 888 инвеститори. „Минатогодишните стравувања го поттикнаа претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, да преземе сериозна акција. По неговата изјава дека ЕЦБ ќе ја штити единствената валута, овој индекс значително падна“ - изјавил Манфред Хабнер, директор на Сентикс. Резултатите од анкетата покажале дека 23,75 отсто од испитаниците очекуваат дека една од членките ќе ја напушти Еврозоната во 2014 година. Минатата година овој процент изнесуваше 73 отсто, објави Ројтерс.
Слично

Поврзани вести