Економија, финансии, бизнис

Контакт

Carrefour купува 127 трговски центри во Европа

Carrefour купува 127  трговски центри во Европа
Компанијата за продажба на мало Carrefour купува 127 трговски центри во Франција, Италија и Шпанија за 2 милијарди евра, открива The Wall Street Journal. Carrefour најави дека ги купува трговските од француската Klerpierre и планира да ги обедини во нов холдинг за недвижен имот, откако ќе ги групира новите имоти со 45 те трговски центри во Франција кои веќе ги поседува. Решението покажува дека извршниот директор  Џорџ Пласа се стреми да и донесе на компанијата поголема оперативна функционалност во некои од најголемите и најстарите пазари. Купувањето на трговските и овозможува на компанијата да ја промени конфигурацијата на продавниците, но и да ги реновира трговските центри за ги направи по провлечни за клиентите. Голем дел од трговските биле во сопственост на Carrefour, но компанијата ги продала пред десетина години за да ја финансира својата експанзија. Сепак не успеа во голем степен да се справи со далечните нови пазари. Пласа ја повлече компанијата од пазарите како Малезија и Тајланд, кое го направија неговите претходници и се концентрираше во Европа и неколку одбрани пазари како Бразил и Кина. Оживувањето на интересот кон хипермаркетите е заданача која секој шеф се обидува да ја реши. Продажбата на Carrefour започна да опаѓа од година во година откако клиентите се насочија кон конкуренцијата со пониски цени или кон помали супермаркети кои се многу поблизу до нивните домови. Пласа сепак покажува знаци на успех. Откако ги намали цените, продажбата на компанијата во Франција порасна за прв пат во тертото тромесечје оваа година. Продажбата во Шпанија исто така тргна нагоре, иако ситуацијата во Италија се уште не е подобрена. Сопственоста на трговските во кои се сместени хипермаркетите може да му дозволи на Carrefour да продолжи да се развива во подобра насока. Многу од продавниците се во постапка на ремонт, а и самите трговски центри може да претрпат измени. Carrefour поседува 42% од новата компанија за недвижен имот. Останатот ќе биде поделено помеѓу осум институционални инвеститори, вклучувајки го и Colony Capital – еден од водечките акционери во Carrefour. Аналитичарите сметаат дека структурата на комапнијата може да го олесни пласирањето на беразта по неколку години. Според сознанијата на factor.mk, Carrefour планира отворање на уште еден хипер маркет во Скопје, откако прво отворениот во Skopje City Mall го привлече вниманието на потрошувачите. Токму ниските цени кои овој бренд ги донесе во Скопје беа причина за неколку месечните турканици за влез во него. Според информациите на factor.mk компанијата се уште не донела одлука во која населба ќе биде лоциран новиот хипермаркет, иако се очекува да биде со иста големина како и постоечкиот.   К.К
Слично

Поврзани вести