Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУСТЕР НА СЕКОИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ Е РИЗИК ОД ПРЕОПТОВАРУВЊЕ НА ИМУНИОТ СИСТЕМ: Нема докази дека е потребна четврта доза вели ЕМА

БУСТЕР НА СЕКОИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ Е РИЗИК ОД ПРЕОПТОВАРУВЊЕ НА ИМУНИОТ СИСТЕМ: Нема докази дека е потребна четврта доза вели ЕМА

Според Европската агенција за лекови (ЕМА) во моментов нема доволно податоци кои укажуваат од потребата од четврта доза од вакцините против ковид. Шефот на Одделот за вакцинација при Ема, Марко Кавалери смета дека давањето бустер дози на секои четири месеци би можеле да бидат голем ризик од преоптоварување на имунитетниот систем на луѓето.

-Додека користењето дополнителни бустери може да биде дел од резервните планови, повторените вакцинирања во кратки интервали не би претставувале одржлива долгорочна стратегија. Исто така давање засилувачи на секои четири месеци потенцијално претставува ризик од преоптеретување на имуниот систем и може да доведе до замор на луѓето, изјави Кавалери.

Европскиот регулатор објави дека веќе преговара со произведувачите на вакцини во случај да биде потребна надградена вакцина, според ЕМА ваков процес треба да се координира на глобално ниво.


Слично

Поврзани вести