Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУСТЕР ДОЗАТА НА МОДЕРНА ЕФИКАСНА ПРОТИВ ОМИКРОН: Постоечката вакцина ќе биде на „првата борбена линија“ против брзо растечките варијанти

БУСТЕР ДОЗАТА НА МОДЕРНА ЕФИКАСНА ПРОТИВ ОМИКРОН: Постоечката вакцина ќе биде на „првата борбена линија“ против брзо растечките варијанти

Компанијата Модерна денеска објави дека бустер дозата во лабораторискте испитувања покажала заштита од омикрон и затоа постоечката вакцина на Модерна ќе биде на „првата линија на одбрана против“ брзо растечките варијанти на Ковид-19.

Одлуката на Модерна да се фокусира на постоечката вакцина mRNA-1273 беше делумно поттикната од откритието дека омикронот се шири многу брзо. Компанијата сè уште планира да развие вакцина насочена конкретно за заштита од омикрон и се надева дека ќе постигне напредок во клиничките испитувања следната година.

„Сега ја имаме (вакцината) 1273 на располагање“, рече д-р Пол Бартон, нагласувајќи дека е многу ефикасна и исклучително безбедна.

-Мислам дека ќе ги заштити луѓето за време на претстојните празници и во текот на зимските месеци кога очекуваме најголем притисок од омикрон. Две дози од оваа вакцина произведуваат ниски нивоа на антитела против варијантата омикрон, но 50 микрограми од третата доза, бустерот, ги зголемува дури за 37 пати неутрализирачките антитела против варијантата, вели д-р Бартон.

Уште поголема доза од 100 микрограми од истата вакцина го зголемува нивото за 80 пати во споредба со нивото пред бустерот. Овие податоци, кои допрва треба да бидат оценети од независни експерти, беа собрани од тестирани примероци на крв од луѓе кои примиле вакцина против псевдовирус произведен да личи на варијантата омикрон. Бартон рече дека зависи од владите и регулаторите да одлучат дали да применат високо заштитна доза од 100 микрограми.

Дозата од 100 микрограми е генерално безбедна и добро се поднесува, иако постои тренд на почести реакции. Американските регулатори ја одобрија третата доза на Модерна од 50 микрограми во октомври. Првите две дози содржат по 100 микрограми.

Пријавени се ретки случаи на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) со Модерна, но исто така и со вакцините развиени од Фајзер/БиоНТек, особено кај млади мажи.


Слично

Поврзани вести