Буркина Фасо: Офицер застана на чело на државата
Потполковникот Исак Зида рекол дека го превзема местото шеф на државата Буркина Фасо после оставката на претседателот Блеза Компаореа, после масовните улици демонстрации.
„Ја преземам должноста шеф на државата и ги повикувам сите земји во регионот и меѓународната заедница да покажат разбирање и поддршка на новите власти“, рекол Зида во соопштението на војската, пренесуваат утрово локалните медиуми.
Зида изјаил дека војската е ангажирана за да се спречи анархијата и обезбедила демократска транзиција во негпвата земја. Тој рекол дека сега органот во кој ќе бидат различни елементи на друштва, вклучувајќи политички партии и граѓанско друштво ќе направи план за изборите.
Тој апелираше на Афричката унија и Економската заедница на западноафричките држави да ја поддржат транзицијата во неговата земја.
„Ова не е државен удар туку народен бунт. Луѓето имаат надеж и очекувања и ми веруваме дека ги разбираме“, рекол тој за Ројтерс.
Соопштението следеше откако рано утрово е отворен оган во близина на претседателската палата.
Демонстрациите претходно се организирани бидејќи Компаоре се обидел да го промени Уставот за да може да остане на претседателската функција и после истекот на мандатот следната година.
Во нередите во оваа западноафричка земја е запалена зградата на парламентот, при што загинаа најмалку три лица.
