Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУРКИНА ФАСО ГОРИ: Вонредна состојба по запалениот Парламент

БУРКИНА ФАСО ГОРИ: Вонредна состојба по запалениот Парламент
Претседателот на африканската држава Буркина Фасо, Блез Компаоре прогласи вонредна состојба во земјата и најави преговори со опозицијата, откако демонстранти насилно влегоа во зградата на Парламентот и ја запалија, во пресрет на гласањето што требаше да одлучи дали претседателот по 27 години на власт ќе добие нов мандат. „Прогласена е вонредна состојба на целата територија на државата. Командантот на оружените сили е надлежен за спроведување на оваа одлука која веднаш стапува на сила“, објави националното радио. Претседателот ја распуштил и Владата за создаде услови за промени. „Ги повикувам лидерите на опозицијата да стават точка на протестите. Ветувам дека од денеска ќе бидеме отворени за разговор со сите актери за да заврши кризата“, соопшти претседателот. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на оваа релативно мирна и економски стабилна западноафриканска држава, која опстојува во исклучително нестабилен регион. Тензиите се зголемија по најавените уставни измени кои требаше да му овозможат на Компаоре одново да се кандидира за мандат на функцијата, додека демонстрантите сметаат дека „27 години на власт се доволни“.
Слично

Поврзани вести