БУРИ И ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Метеоролозите со најава на доцна пролет
Оваа пролет изгледа ќе ја почекаме . Овие снежни денови кои на многумина им досадија по минатите сончеви недели кои ја разбудија еуфоријата за пролетни прошетки, нема така лесно да го отстапат патот на пролетта.
Познати метеоролози од специјализираниот сајт Акуведр најавуваат дека пролетта во Европа ќе доцни, бури и поројни дождови ќе ја зафатат и Европа но и Балканскиот полуостров. Слично нешто како во 2018 година.
Најавите се бурите да бидат најактивни во март од Франција, преку Италија па се до Балканот а нивно смирување се очекува до крајаот на пролетта, иако штетите ќе ги предизвикаат до Мај.
Во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд и грмотевици кои можат да донесат и поплави на самиот старт на пролетта долж западниот дел на Балканскиот полуостров.
Но, не се разочарувајте веднаш. Метеорологот Тајлер Ројс, покрај прогнозата погоре вели дека ќе има и пријатни пролеттни денови а Источна Европа пред да ја дочека пролетта може да се соочи со студени шокови во траење од неколку денови.
