Бургер кинг се враќа во Париз
Американскиот ланец на ресторани за брза храна Бургер Кинг денеска во Париз го отвора својот прв ресторан по 15-годишна пауза.
Вториот по големина најголем производител на хамбургери во светот, кој далеку заостанува зад Мекдоналдс со 34 илјади ресторани ширум светот, најави враќање во Франција бидејќи пред 15 години ги затвори своите 39 ресторани во таа земја, пренесе АФП.
Бургер кинг планира да заземе 20 отсто од пазарот на ресторани за брза храна во Франција.
Слично
