Бургер кинг: Кој сака Мек, збогум!
Норвешкиот застапник на Бургер кинг се одрече од сите фанови на Фејсбук кои прифатиле ваучер за бесплатен сендвич во Мекдоналдс.
Бесплатно делење на производ од својот најголем ривал може да делува како маркетиншко самоубиство, но норвешкиот застапник на прочуениот ланец на ресторани за брза храна, Бургер кинг, го направил токму тоа како би ја засилил врската со своите фанови на социјалната мрежа.
Имено, во обид да открие колку фанови се навистина лојални, норвешкиот застапник на својата Фејсбук страница понудил ваучери за бесплатен Биг мек сендвич во ривалскиот Мекдоналдс.
Откако претходно утврдил дека некои од 38.000 следбеници на страницата се тука само за да оставуваат потценувачки коментари, норвешкиот застапник одлучил да отвори нова страница само за лојални фанови.
Слично
