Бурата Свети Јуда ги држи на готовс Франција и Велика Британија
За најголемата бура во изминатите десет години наречена Свети Јуда денеска се подготвуваат Велика Британија и Франција, при што на Велика Британија и се заканува хаос во сообраќајот, а на северозапад во Франција без електрична енергија се повеќе од 70.000 домаќинства.
Милиони луѓе од Англија и Велс се предупредени дека во текот на раните утрински часови и во текот на денот,овие делови од Велика Британија ќе бидат погодени од силно невреме,проследено со урагански ветрови и поројни дождови.
Метереолозите предупредија дека во силната бура,што би требало да биде една од најголемите во последните неколку децении,се очекува ветерот да достигне и до 130 километри на час,а во периодот од шест, до девет часови во одделни реони да наврнат и до 40 милиметри кубни дожд.
Во предупредувањето емитувано преку медиумите се вели дека постои опасност од излевање на реките и каналите, како и од поплави во некои делови од Велс и Англија, од оштетување на станбените згради, соборени дрвја и пореметување во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.
Најголемиот лондонски и британски аеродром Хитроу, синоќа најави дека ќе има пореметување во редот на летањето,поради редуцирањето на полетувањето и слетувањето во Лондон, како последица на силните ветрови. Неколку железнички компании најавија дека ќе има измени во возниот ред кај утринските возови,додека компанијата „Евростар“ соопшти дека ќе откаже некои од утринските возови, што во тоа време тргнуваат од Лондон кон Париз и Брисел.
Силната бура што е создадена над Атлантикот, а британските острови ќе ги погоди движејќи се од југозапад кон североистокот,главнината на ударот треба да ја има врз реони на Велс, Лондон, источен и западен Мидлендс, како и југозападот и целиот источен дел од Англија.
Ваквите предупредување, дадени уште пред главниот удар на невремето, не се честа појава за Британија, туку се повеќе дел од секојденвието на реонот што ги погаѓаат циклони,тајфуни и торнада. Но овојпат се прави исклучок, како последица на гафот на прогнозерите на Би-Би-Си од 1987 година, кои ги уверуваа Британците дека земјата нема да биде погодена од силно невреме, а следниот ден се случи една од најсилните временски непогоди што било кога ја зафатиле Велика Британија.
Околу 75.000 семејства утрово останаа без електрична енергија поради силното невреме што го зафати северозападниот дел на Франција, каде ветерот на моменти дуваше со брзина над сто километри на час, јави дописникот на МИА од Париз.
Бурата Кристијан од британските острови се префрли на континенталниот дел на Франција и европскиот континент и Метео Франс издаде предупредувачки билтен за крајбрежните региони на Франција.
Покрај прекинот со снабдувањето со електрична енергија, кој според надлежните органи најверојатно ќе погоди повеќе од 75.000 семејства во текот на денот, предизвикана е и материјална штета, како и повеќе откорнати дрвја.
Засега во Франција не е регистрирана ниту една жртва, пожарникарите интервенираа на повеќе пари во текот на ноќта, а властите повикаа на претпазливост и ги забранија прошетките на самиот брег.
