Бурата Јунис ја зафати Европа, а на удар се неколку земји
Страотната бура Јунис ја зафати Европа, а на удар се Британија, Ирска, Шкотска и Холандија.
На милиони луѓе во Велика Британија им е кажано да останат дома. Ветерот дуваше со брзина до 200 километри на час, остави десетици илјади луѓе без струја, и откорна дрвја и покриви низ целата земја. Откажани се многу летови. Невремето ја погоди западна Англија, стигнувајќи до Корнвол каде брановите го обиколија брегот и покривите на куќите, покажува снимката на Ројтерс. Во Велс, брановите го преплавија шеталиштето Абериствит, а некои беа високи колку куќи. Над 100.000 луѓе се без струја, срушени се далноводи и паднати дрвја. Бурата Јунис пристигна и во Холандија, а досега загинаа две лица. Силен ветер за време на невремето соборил дрво во Димен кое паднало врз автомобилот, потврди противпожарната бригада Амстердам-Амстеланд. И лани имаше повеќе бури на европскиот континент.
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN
