Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бунтовниот Пике ќе се повлече од шпанската репрезентација

Бунтовниот Пике ќе се повлече од шпанската репрезентација

Жерар Пике, фудбалерот на Барселона кој е еден од најгласните спортисти кој ја поддржува независноста на Каталонија, посочи дека е подготвен да ја напушти шпанската фудбалска репрезентација по бројните критики на јавноста дека предизвикувал проблеми на национална основа. Пике настапи за Барселона на празниот „Камп Ноу“ и ја критикуваше реакцијата на националната гарда која насилно се обиде да го сопре гласањето за независнот.

„Ова беше многу тежок ден, можеби најтежок во кариерата. Имав свој став околу тоа дали треба да се игра, но разбирам дека ова е фудбалски клуб и работа ни е да играме фудбал. Од друга страна, ги разбирам и оние кои тврдат дека денеска не требаше да излеземе на терен. Што да кажам, цел ден ми е многу тешко, но од друга страна сум горд што сум Каталонец. Нашиот народ покажа гордост и интегритет, мирно излезе на гласање, а видовте што се случи со полициската реакција, која беше апсолутно претерана“ – изјави Пике.

Фудбалерот со Шпанија стана светски и европски шампион, но поради политичките ставови често беше во судир со своите сооиграчи од репрезентацијата како Серхио Рамос кој настапува за Реал Мадрид.

Слично

Поврзани вести