Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бундестагот го одобри спасувачкиот план за Кипар

Бундестагот го одобри спасувачкиот план за Кипар
Долниот дом на германскиот парламент со големо мнозинство ја одобри спасувачката програма за Кипар, јави Ројтерс. Од 601 пратеник во Бундестагот, 487 го поддржаа спасувачкиот план во вредност од 10 милијарди евра, според кој штедачите во кипарските банки ќе апсорбираат голем дел од загубите. Истовремено германските парламентарци го поддржаа и 7-годишното одложување кое министрите за финансии на земјите од еврозоната им го дадоа на Ирска и Португалија за да ги исплатат спасувачките заеми. Пред гласањето министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле ги предупреди пратениците дека евентуалниот неуспех на гласањето или отфрлање на програмата за стабилизирање на медитеранскиот остров ќе доведе до ширење на , како што рече, неконтролираната зараза во еврозоната. „Помошта за Кипар го осигурува успехот кој го постигнавме во еврозоната. Мора да се осигураме дека проблемите во Кипар нема да предизвикаат нови проблеми во земјите од еврозоната ", истакна Шојбле во својот говор пред Бундестагот.  
Слично

Поврзани вести