Бун: Русија сака да спушти „завеза од крв“ меѓу себе и нејзините европски соседи
Француската државна секретарка за европски прашања, Лоренс Бун упати остри критики на адреса на Русија.
Како што пренесуваат француските медиуми, таа изјавила дека со војната во Украина, Русија сака да спушти „завеза од крв“ меѓу себе и нејзините европски соседи.
„Украина е место на „неискажливи злосторства“ од страна на руските војници и е вклучена во „војна во која мора да победи, бидејќи нејзината иднина зависи од неа, како и нашата“, рече Бун.
Таа им честиташе на 27-те земји-членки што одговорија на руската инвазија со „колективен одговор на невидени санкции со досега незабележен обем“.
Според неа, времето за стратешка умереност заврши. Бун вели дека ЕУ успеала да „скрши едно големо табу“, финансирајќи го вооружувањето на Киев.
Според францускиот претседател Емануел Макрон, Русија е една од последните колонијални царски сили.
Додаде дека Русија започна офанзива против Украина, тоа е територијална војна за која како што вели се мислеше дека е исчезната од тлото на Европа.ЕУ и САД со оружје ја помогнаа Украина, но ова не им се допаѓа на руските власти.
фото: твитер/принтскрин
