БУМ НА НАТАЛИТЕТОТ ВО АФРИКА И АЗИЈА, НЕ И ВО ЕВРОПА: 10 милијарди луѓе до 2053!
Луѓето ќе достигнат 9,9 милијарди во 2050 година, зголемувајќи се за 33% во однос на сегашните 7,4 милијарди. Тоа се прогнозира во извештајот на организацијата Биро за попис на населението (PRB), пишува весникот „The Times of India“.
Ако очекувањата во прогнозите за 2050 година на Бирото бидат спроведени за следните години, тогаш светското население ќе достигне 10 милијарди луѓе во 2053 година. Азија ќе се зголеми за скоро 900 милиони луѓе , до 5,3 милијарди.
„И покрај падот на наталитетот во светот, ние очекуваме зголемувањето на населението да остане стабилно и да не однесе до светско население од 10 милијарди. Огромните регионални разлики се задржуваат. На пример, нискиот наталитет во Европа ќе значи пад на населението таму, додека населението на Африка се очекува да се удвои“, вели Џефри Џордан, претседател на организацијата.
