Бугарите и Романците – нови робови во Германија
Принудна работа по повеќе од 12 часа на ден , неосигурени , уценувани , експлоатирани и заплашувани : работниците - наемниците од Романија и Бугарија работеле во нехумани услови . Тоа го констатира проверката на една комисија во Германија .
За овие " нови робови " во Германија се пишува сé почесто . Дури централниот спор во коалициските преговори меѓу социјалдемократи и христијанско- демократи за минималниот час беше во директна врска со нив . Наемниците доаѓаат главно од Романија и Бугарија , работат во страшно лоши услови , не се обезбедени , добиваат малку пари , изложени се на притисоци и закани .
Неодамна двајца Романци , работеле како наемници во бродоградилиштето " Мајер Верфт " во Папенбург , изгореа живи во масовно засолниште каде живееле во понижувачки услови . По оваа трагедија специјална комисија назначена од фирмата , индустрискиот синдикат " ИГ метал" и Министерството за економија во провинцијата Долна Саксонија , направи проверка во 21 претпријатија во кои се ангажирале особено многу наемниците од Источна Европа .
Извештајот на комисијата открива груби прекршувања на правилата . Во голем дел од фирмите работните услови и засолништата на наемниците се под стандардите . Овие луѓе често се принудени да работат повеќе од 10 , во некои случаи и над 12 часа на ден , како рекорден работен ден , констатиран од комисијата , продолжил ... 23 часа и 55 минути . Наемниците понекогаш работеле една осумчасовна смена наутро , потоа одмарале неколку часа и повторно доаѓале на работа приквечер за втора смена. Платата за оваа навистина принудна работа било минимална - помеѓу 3 и 8 евра на час.
По работата до целосна исцрпеност многу од работниците едноставно не можат да застанат на нозете , постојано страдале од замор. Често пати , сепак се случувало и обратно - да нема работа за нив , бидејќи биле принудувани да си останат во собите . Дури креветите понекогаш им биле проектирани на смени - во еден кревет се вртат да спијат по двајца . Се случувало дури и нивните работни смени да се утврдуваат, не од страна на работодавачот , туку од возачите на автобусите кои ги превезуваат до работното место.
Не секогаш добивале лекарска помош кога им е потребно. Понекогаш дури и не им дозволувале да отстапат од работа , за да посетат лекар на пример по повреда на работното место. Практикантите лекари и ординации пак одбивале да ги прифатат работниците , бидејќи нивното здравствено осигурување , обично направени во нивните земји, не ги покриваат трошоците за медицински услуги во Германија .
Независно од сето тоа речиси никој не се жалел , се констатира во извештајот. Наемниците од Источна Европа се плашеле да не ја изгубат својата работа , а на сето озгора биле заплашувани и малтретирани од т.н "набљудувачи " . Тие им се заканувале не само нив , но и на нивните семејства и синдикалците во бродоградилиштето . Во извештајот се наведува и конкретен случај , при кој наемник бил напуштен на станицата во Олденбург - престојувал таму цела недела без пари и без покрив над главата.
Авторите на извештајот утврдуваат и уште нешто : наемниците имале писмени инструкции да ја кријат вистината за своите договори за време на проверките на властите.
Извор Дојче Веле
Слично
