Буџетскиот суфицит на Германија се зголеми на 0,6 проценти од БДП
Благодарение на растот на даночните приходи, германскиот буџетски суфицит, во првата полугодие се зголеми на 0,6 проценти од БДП, покажуваат официјалните податоци објавени денеска.
Владата со наплата на даноци собрала 321,4 милијарди евра, што е за 3,8 проценти повеќе во однос на истиот период лани, благодарение на стабилната стапка на вработеност.
Германскиот Федерален завод за статистика соопшти дека земјата остварила буџетски суфицит од 8,5 милијарди евра во периодот од јануари до јуни, пренесува агенцијата Франс Прес.
На ниво на целата 2012 година, германскиот буџетски суфицит изнесувал 0,2 проценти од БДП.
Слично
