Буџетскиот дефицит на САД достигна најниско ниво од 2008 година
Во фискалната година која заврши на 30 септември 2013 -та година , буџетскиот дефицит на САД се намали до 680 милијарди долари или во износ од 4,1 % од БДП на земјата. Пред една година ( за финансиската 2012 година ) дефицитот изнесуваше 1,09 трилиони долари, што значи дека само во рамките на една година тој се намалил за цели 38% , достигнувајќи најниско ниво од пет години ( најнизок дефицит од фискалната 2008 -та година ) .
Само во рамките на септември , Владата на САД забележа буџетски суфицит во износ од 75 милијарди долари . Министерот за финансии, Џејкоб Лиу, рече дека националниот дефицит се намали во последните четири години со најбрзото темпо од Втората светска војна наваму . Сега буџетскиот дефицит е на половина помал откако новата американска администрација и претседателот Обама презеде управувањето со земјата , соопшти БНР.
Тоа намалување на буџетскиот дефицит е резултат на зголемените приходи во државната каса и релативно пониските владини трошоци. Приходите од корпоративните даноци се зголемија за 11 % во фискалната 2013 -та година , а тоа зголемување се должи на подобрувањето на американската економија и на повисоките нивоа на даноците во сила од почетокот на оваа година.
Според анализата на сајтот www.USGovernmentSpending.com во почетокот на 2014 -та година се очекува краткорочно зголемување на буџетскиот дефицит , по што тој ќе продолжи да означува пад во наредните години .
Слично
